Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>10 март 2016 година

Лабораторија на тркала

» Со стартот на продажбата на Clarity, според нив првиот сериски произведуван автомобил со горивни ќелии во светот, Honda храбро зачекори во предизвикувачката иднина. Исходот сепак се знаеше однапред – овој модел кој во Јапонија се продаваше по цена од 68.000 долари имаше задача само да ги испита водородните технологии за некоја нивна идна попрактична употреба. Затоа и бројот на пласираните возила беше скромен – за првата година за домашниот пазар беа предвидени само 200 примероци. За да не го покрие правот на историјата предвреме, Honda веднаш ги најави и набргу ги лансираше и електричната и плаг-ин хибридната изведба.

Производството му заврши лани, а вкупно беа направени околу 1.900 примероци со погон на водород.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *