Првиот автомобил побрз од 100 km/h беше на струја (2*видео)
» На 29 април 1899 година Белгијанецот Камил Женаци стана првиот човек кој возеше побрзо од сто километри на час – тој со возилото наречено La Jamais Contente постигна точно 105,88 km/h што беше светски рекорд. Неговата „ракета на тркала” имаше лесна и аеродинамична каросерија направена од легура на алуминиум, волфрам и магнезиум и два електромотора, по еден за секое задно тркало, со вкупно 68 коњски сили. Тоа воедно беше и првото возило во историјата направено специјално за соборување брзински рекорди.