Tags: , ,
Porsche 911 Sport Classic: Ма каква електрификација (видео)

Неконтаминирана класика

» Ако е конзервативно, не значи дека не е добро. Всушност тоа почесто значи дека е одлично, подобро од напредното, во многу аспекти. Пркосејќи ѝ на електричната иднина во која и да е форма, Porsche 911 може да остане последниот бастион на класичниот мирис на бензин и како таков треба да се заштити како човеково културно наследство – зад него има премногу минато за да му се загрози иднината со некаква си електрификација. Но сигурни сме дека и најзакоравените поклоници на моделот нема да го чекаат тој момент – тие уште сега ќе бидат презадоволни што марката од Цуфенхаузен им подготви нова, класична изведба на овој култен модел, чии карактеристики носталгично се поврзуваат со исконскиот негов карактер. Затоа, само телеграфски, затоа што сигурно сте нетрпеливи да го изгледате видеото:

* 3,7 литарски шестцилиндричен боксер со 550 KS
* мануелен менувач со седум степени на пренос
* погон на задните тркала
* лимитирани 1.250 примероци
* цена во Германија 272.714 евра

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *