На денешен ден пред 41 година се роди првиот Yugo
» Ден пред големиот празник, на 28 ноември во 1980 година, од монтажните ленти на фабриката Zastava во Крагуевац се симна првиот произведен примерок од Yugo. Неговото сериско производство всушност започна на 11 ноември, но за комплетирањето на првите возила требаше доста време – сé до денешниот ден пред точно 41 годинa. Како и да е, Yugo кој тогаш се викаше Jugo, подоцна Koral а едно време и Tempo, започна да пишува едно ново поглавје во историјата на претходната ни заедничка држава кое траеше сé до 11 ноември 2008 година. За тоа време тој со своите 794.428 произведени примероци го обиколи светот. Во глобални рамки не е многу, но мора да го признаеме неговото глобално влијание. Впрочем, погледнете ги видеата.