Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>29 ноември 1948 година

Holden 48-215 – првиот австралиски автомобил

» Иако автомобили во Австралија се произведуваа уште од 1896 година, дури после втората светска војна како резултат на добрата поддршка на владата за развој на автомобилската индустрија, се појави првиот вистински австралиски автомобил. Моделот развиван неколку години најпрво во САД а потоа и во Австралија официјално беше претставен на денешен ден 1948 година на настан на кој присуствуваа премиерот и околу 1.200 други гости. Беше и првиот автомобил лансиран под марката Holden, со официјална ознака 48-215, но е познат како Holden FX. Интересно е што возилото една недела претходно на голем настан во фабриката најпрво им беше покажано на работниците и нивните семејства – вкупно околу 12.000 луѓе, а неколку дена после нив го видоа и дилерите.

Очекувано, шестцилиндричниот седан со четири врати имаше инстантен успех во Австралија. Во 1951-вата беше изведена и пикап варијанта, а за пет години беа произведени повеќе од сто илјади примероци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *