Tags: , , ,
За судниот ден… (видео)

Подвижна централа и уште нешто

» Nissan претстави концепт на електрично возило наменето за интервенции во вонредни ситуации кое е осмислено како мобилен извор на електрична струја. Се темели на Leaf чија основа е преиначена за да може да се движи по лош или терен покриен со разни остатоци од случената катастрофа. Приклучоците за струја поставени два на надворешната страна на возилото и еден во багажникот се отпорни на неповолни временски услови и преку нив е можно истовремено да се напојуваат повеќе електрични уреди со напон од 110-230 V. Струјата складирана во литиум-јонска батерија со капацитет од 62 kWh е доволна Nissan Re-Leaf може да напојува просечно европско домаќинство околу шест дена.

Природните катастрофи според извештајот на Светската банка се причина за 37 отсто од случаите на прекин на напојувањето со струја во Европа и 44 отсто во САД. Времето потребно за отстранување на дефектите обично е 24 до 48 часа. Nissan Re-Leaf е креиран токму за вакви случаи и иако е само работен концепт, сите негови технологии се предвидени за употреба во секојдневниот живот. Во Јапонија уште од 2011 година се користат сериски примероци на Leaf за напојување со електрична струја во вонредни ситуации.

Со оглед на тоа, јасни се потенцијалите за примена на едно вакво интервентно возило кое може да биде од непроценлива корист.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *