Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>21 ноември 1995 година

Успешен бренд-инженеринг

» Saxo е еден од најбезличните модели на Citroen, но и покрај тоа имаше сосема солиден пазарен успех. Иако не е ништо друго освен ребрендирана верзија на малку постариот Peugeot 106, сепак имаше сопствен персоналитет. Претставен на новинарите на денешен ден 1995 година како наследник на AX, неговата продажба започна пролетта наредната ’96-та. Широката гама мотори од претходната генерација модели на PSA се протегаше од 1,1 литарскиот со 45 коњски сили до 1,6 литарскиот со 16 вентили и 120 коњи во VTS верзијата кој го лансираше лесниот Saxo до 205 километри на час, а интересен беше и 1,5 литарскиот дизел со 58 коњи. Во соработка со Heuliez беше направена и мала серија со електромотор со скромни 27 коњски сили и автономија од 90 километри. Малите димензии истовремено му беа и предност и мана, но тоа на купувачите не им пречеше – продажбата низ годините му беше доста стабилна и кариерата ја заврши со пласирани скоро 1,8 милиони единици. Негова директна замена не беше развиена и неговата позиција во гамата на Citroen ја поделија C2 и C3. Доживеа два рестајлинга, а се произведуваше во Франција и Португалија до 2003 година. Ќе остане запаметен и по бројните спортски успеси во помалите шампионати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *