Tags: , ,
Дојде и тој момент – го испраќаме Ford Mondeo во историјата (2*видеа со Михаел Шумахер)

Пензијата му е заслужена, но сепак…

» Ford Mondeo, некогаш популарниот модел од Д-сегментот, освојувач на многу награди кој дури го привлече вниманието и на Михаел Шумахер (погледнете ги видеата), отиде во пензија. Само во Европа бидејќи ќе продолжи да живее во Кина, додека во САД неговиот тамошен пандан Fusion се повлече уште пред две години отстапувајќи им го местото на новите SUV креации. Mondeo на Стариот континент немаше што да отстапи – продажбата заради повеќе причини меѓу кои и инертноста на марката, му беше катастрофална. Плус на тоа, сега е време на електриката. Затоа и попусти ќе останат желбите на љубителите на Ford да размислат место Mondeo да им го понуди кинескиот Evos, па колку успее, толку. За такви математики нема место во стратегијата на компанијата, како што немаше ниту во 1993 кога Mondeo беше лансиран. Тогаш се знаеше што точно треба и така беше направено. Затоа и сега, кога ќе се знае што точно треба да се направи, ќе биде направено. А дотогаш тука се Puma, Kuga и останатите диви мачки, коњи или какви и да се животни со синиот овален знак на марката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *