Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>18 октомври 1933 година

Требаше и да лета (2*видео)

» На 18 октомври 1933 година американскиот архитект и иноватор Ричард Бакминстер Фулер поднесе барање за патент на автомобилот со три тркала од кои задното управувачко, наречен Dymaxion и замислен еден ден да може и да лета. Тој беше долг 6 метри и имаше V8 мотор од Ford со 85 KS сместен назад кој ги задвижуваше предните тркала, што е реткост во автомобилската индустрија. Можеше да се сврти на растојание еднакво на својата должина и да паркира паралелно со свртување на задното тркало за 90° кон работ на улицата. Можеше да превезува 11 патници и да постигне 206 километри на час, а трошеше 7,8 литри на 100 km. Беше ексцентрично но стилски обликува и привлече голем публицитет, но по само еден месец еден од трите направени прототипи имаше сообраќајна несреќа во која загина возачот, што предизвика повеќето инвеститори да се повлечат од проектот. Патентот за овој автомобил на Фулер му беше доделен во 1937 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *