Почеток на крајот на една угледна марка
» На денешен ден 1969 година Volkswagen го презеде NSU. Некогаш угледната германска марка основана 1873 година која своевремено беше најголем светски производител на мотоцикли претходно целосно се посвети на автомобилите, премногу форсирајќи го ванкел моторот, што всушност и ѝ пресуди. Сакаа да бидат авангарда но ориентацијата на недоволно издржливата технологија предизвика лавина рекламации на купувачите на сензационалниот Ro 80 кои ги доведоа во големи финансиски и деловни проблеми. Од пропаста ги спаси Volkswagen кој ги припои кон пет години порано купениот Audi. Последниот развиен модел на NSU беше лансиран во 1970-тата како VW K70.