Најнапредниот автомобил на своето време
» На денешен ден 1934 година на зачудената јавност во Париз беше претставен Citroen Traction Avant, чие име во превод од француски значи погон на предните тркала. Освен ова напредно техничко решение, овој модел имаше самоносечка каросерија, независно ослонување и други иновации. Беше пионер во масовното производство во кое опстана до 1957 година. Произведени се околу 760.000 примероци.