Првиот странски автомобилски производител во Кина
» После пет години напорни преговори American Motors Corporation и BAIC Motor во 1984 година го основаа Beijing Jeep кој е прво заедничко претпријатие помеѓу западна фирма и локален партнер за производство на возила во Кина. Почетната инвестиција за производство на Jeep Cherokee изнесуваше 8 милиони долари. Beijing Jeep беше прототип за идните кооперативни проекти и еден вид тест-полигон кој ги откриваше и решаваше проблемите, и политички и економски, кои се испречуваа пред странските инвестиции во Кина.