Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>13 април 1994 година

Пионерски водородни чекори

» На 13 април 1994 година Mercedes го претстави концептот NeCar 1, првото нивно и второ во светот возило со горивни ќелии. Беше направено на основа на доставниот MB 100 и претставуваше лабораторија на тркала – погонскиот систем со моќност од 50 kW тежок 800 kg го заземаше целиот товарен простор. Имаше еден резервоар со капацитет од 4 килограми водород складиран под притисок од 300 бари, со кој возилото можеше да помине 130 километри. Беше задвижувано со електромотор со скромни 41 KS и постигнуваше максимални 90 километри на час.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *