Tags: ,
Kia KLTV: Подготвен за битка

Докажана издржливост

» Никој не треба да се убедува дека возилата на Kia се издржливи, дури ни оние кои најмногу бараат – вооружените сили ширум светот. Kia е еден од производителите на возила кој долго време е активен во наменската индустрија и има солидно искуство на ова поле. Колку неговите возила вистински се издржливи знаат само неколку армии низ светот, на кои сега на располагање им е нова генерација на лесното тактичко возило KLTV. Покажано е на годинешниот меѓународен саем на вооружувањето и воената опрема IDEX 2021 во Абу Даби. Овој теренец во кабината има 4 седишта а во товарниот простор може да превезе уште 10 војници со комплетна опрема или пак до 3 тони материјал. Концепцијата му е модуларна, со шасија на која по потреба можат да се инсталираат разновидни конструкции. За погон користи дизел мотор со 228 коњски сили кој преку осумстепен автоматски менувач ги задвижува сите четири тркала опремени со run-flat пневматици. Не е познато дали постои можност за испорака за цивилна употреба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *