Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>15 декември 1861 година (видео)

Конструктор на првиот американски автомобил

» На денешен ден 1861 година во гратчето Кантон во Илиноис роден е Чарлс Дјуриа, кој заедно со брат му Френк ја започна автомобилската историја во САД. Занимавајќи се со поправање на велосипеди, тие дошле на идеја да вградат мотор во кочија. Идејата ја реализирале во 1893 година, создавајќи го првиот американски автомобил со бензински мотор од 4 KS кој го конструирал Чарлс. Стануваат познати после освојувањето на победата на првата американска автомобилска трка, по што во 1895-тата ја основаат заедничката фирма која го носи нивното презиме – Duryea Motor Wagon Company. Но недостатокот од финансиски средства и искуство во организирањето на производството и пресудија на компанијата, која успеа да продаде само тринаесет примероци од првиот американски автомобил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *