Tags: , , ,
Volkswagen го освежи Polo GTi (фото-галерија + видео)

Што ќе им понуди VW на љубителите на градските тркачи?

» Во класата на градски тркачи повторно е возбудливо – два месеца по претставувањето на редизајнираниот Polo, Volkswagen ја претстави и неговата GTi верзија. И веднаш шок – експертите на марката како најголема новост во него ги споменуваат IQ.Light LED матрикс светлата, па коњските сили и како трет IQ.Drive Travel Assist системот кој му овозможува полуавтоматизирано возење. Попат кажуваат дека возачот може да го активира преку копче сместено на редизајнираниот повеќенаменски кожен спортски управувач, по што следи описот на она што е ново кај инфо-забавниот систем кој сега може да се командува со глас. Дури после сето ова нештата се враќаат во нормалниот тек со споменувањето на срцето на Polo GTi, неговиот дволитарски турбо мотор.

А тој на предните тркала им испорачува 207 KS и 320 Nm кои се дистрибуираат само преку 7-степен DSG менувач. Официјалните податоци кажуваат за спринт до 100 km/h за 6,5 секунди и за максимална брзина од 240 km/h. Спортскиот настап на Polo GTi е нагласен со XDS блокадата на диференцијалот која овозможува поголема сигурност низ свиоците, а со Sport Select режимот возачот може да бира меѓу две различни нивоа на тврдост на амортизерите. Тука се и четирите начини на работа – Eco, Individual, Normal и Sport, како и спортското подвозје спуштено за 15 mm.

Приказната завршува со багажниот од 351 литар, без збор за терминот за пазарно лансирање или пак цените.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *