Инспирација за една од најголемите автомобилски легенди
» SL класата на Mercedes започна да ја создава својата легенда во 1954 година, но нејзината историја всушност почнува на денешен ден точно пред 70 години кога беше претставен тркачкиот 300 SL со фабричка ознака W194. Беше создаден со намера Mercedes со него да се врати во автомобилските трки, што заради амбициите му донесе низа интересни технички решенија – супер лесна (од каде е и ознаката SL) конструкција од кратки и тенки споени цевки, аеродинамична алуминиумска каросерија и врати кои се отвораа нанагоре кои беа единствено можно решение заради таквата конструкција. Првата трка ја заврши на второто место, а до крајот на годината победи на сите четири трки на кои учествуваше. Тркачките успеси го иницираа создавањето на патната верзија со техничка ознака W198, со што настана SL класата.