Tags: ,
Поевтин модел на Tesla пристигнува во 2024-тата

Ќе чини 25.000 долари

» Елон Маск има најавено дека Tesla ќе претстави нов поевтин електричен модел со цена од 25.000 долари, но не кажа кога. Но следејќи ги движењата на цените на акциите на берзата, аналитичарите велат дека тој (можеби) ќе пристигне во 2024 година. Иако нивните предвидувања не се базирани на моменталниот технолошки развој на новиот модел туку исклучиво на потребата од информации кои би ги задвижиле акциите на Tesla кои за три месеци загубија повеќе од половината од својата вредност, може да се покажат вистинити. Веруваме дека е така бидејќи знаејќи како досега изјавите на Елон Маск влијаеја на сé, лесно ќе биде само со еден твит да се запали јавноста. Сепак Маск мора да мисли и на продажбата на Model 3, затоа што таа сигурно ќе спласне истиот момент кога тој официјално ќе го најави идниот поевтин електричен автомобил, па затоа…

Инаку, според една изјава на самиот Маск дадена на почетокот на 2022-рата, во тој момент развојот на овој автомобил сé уште не беше започнал.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *