Дизелот за 8,50 а бензините за 3,50 денари поскапи
» Се крчми ли стотката? Како што вети, регулаторната комисија за енергетика започна на дневна основа да ги крои цените на горивата за, според нивната изјава, да се заштитат потрошувачите од големи осцилации на цените на горивата. А тие, во однос на цените од понеделникот, се зголемуваат – на дизелот за 8,50 а на бензините за 3,50 денари. Од регулаторната комисија велат дека поскапувањето би било поголемо да не ја намалеле маржата на трговците за една третина, односно за отприлика денар и половина. Со тоа, новите цени на горивата, барем во наредните 24 часа, се:
- Моторен бензин еуросупер БС-95 93,00 денари за литар
- Моторен бензин еуросупер БС-98 95,00 денари за литар
- Дизел гориво еуродизел БС Д-Е V 94,00 денари за литар