Умереното слушање на музика е попријатно, побезбедно и поштедливо
» На потрошувачката на гориво влијаат сите уреди кои го оптоваруваат моторот – климатизацијата, светлата па и аудио системот во автомобилот. Причината е ангажираната моќност од неколку стотина вати која ги зголемува отпорите на алтернаторот кој за задвижување користи енергија од моторот. Во крајна линија тоа значи за 0,1 до 0,2 литри гориво на 100 km поголема потрошувачка. Прегласната музика ја намалува и безбедноста бидејќи му го одвлекува вниманието на возачот и оневозможува тој да ги слушне звучните сигнали од сообраќајот околу него.