Tags:
Возење со светла преку ден

Каде мора, а каде не

» Без дискусија, возењето со запалени светла преку ден влијае на зголемувањето на безбедноста. Но освен правилото на Европската Унија дека сите новопроизведени возила после февруари 2011 година треба да имаат дневни светла, не постои унификација околу задолжителноста на возење со запалени светла преку ден – тоа е оставено на националната легислатива која на различен начин го регулира. Така, во Европа задолжително е да се вози со запалени светла 24 часа во денот 12 месеци во годината на сите патишта во Босна и Херцеговина, Бугарија, Данска, Естонија, Исланд, Латвија, Литванија, Македонија, Норвешка, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Србија, Финска, Црна Гора, Чешка, Швајцарија и Шведска. Во Италија, Русија и Унгарија тие се задолжителни надвор од населените места, а во Молдавија и Хрватска само во зимските месеци. Казните во овие земји за возење без вклучени светла се движат од 10 па до 200 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *