Специјално за Кен Блок
» Audi специјално за Кен Блок подготви уникатен автомобил инспириран од Sport Quattro S1 кој настапи на Пајкс Пик во осумдесеттите години. Овој електричен спортист наречен S1 e-Tron Quattro Hoonitron содржи многу визуелни елементи на класичен тркачки автомобил – џиновски спојлер, впечатливи крила, рели светла, но сите низ призмата на современиот e-Tron дизајнерски речник. Го задвижуваат два електромотора чија моќност не е соопштена, а во пакетот меѓу другото се и шасијата од јагленородни влакна и погонот на сите четири тркала.