Tags: ,
Како работат ванкел моторите (видео)

Одличен, ама само теоретски

» Принципот на работа на ротационите ванкел мотори е сличен како кај клипните и се одвива во четири такта. Триаголниот клип ексцентрично се врти во комората за согорување со неправилен елипсаст облик и секоја негова страница обавува засебен работен циклус. Во првиот такт клипот создава потпритисок во комората и ја всисува смесата од воздух и  гориво. Откако ќе се затвори всисниот канал започнува вториот такт. Клипот се доближува до работ на комората компримирајќи ја смесата додека потполно не се приближи до ѕидот создавајќи две одвоени комори во кои се вградени по една свеќичка. Тогаш започнува третиот такт. Искрата ја пали смесата и таа согорувајќи го турка клипот. Работниот такт трае додека работ на клипот не го отвори издувниот канал, кога започнува четвртиот такт – издувувањето.

Прва фаза: Ќошето 1 на клипот од една страна го започнува првиот такт (всисувањето), а од другата завршува четвртиот (издувувањето). Ќошето 2 го започнува вториот такт (компресијата), а ќошето 3 го обавува третиот работен такт

Втора фаза: Ќошето 1 го обавува првиот (всисувањето), а ќошето 2 завршува вториот такт (компресијата). Ќошето 3 ги издувува гасовите низ од согорувањето низ целосно отворениот издувен канал

Трета фаза: Ќошето 1 го завршува всисувањето, а ќошето 2 компресијата и после прескокнувањето на искрата на свеќичката горивото се пали и започнува работниот такт. Ќошето 3 го продолжува четвртиот такт (издувувањето)

Четврта фаза: Ќошето 1 го завршува првиот, за наскоро да го започне вториот такт затворајќи го всисниот канал. Ќошето 2 го работи третиот такт, а ќошето 3 ги исфрла издувните гасови низ издувниот канал

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *