Се стабилизираат ли цените на горивата?
» Регулаторната комисија за енергетика врз основа на движењата на цените на нафтените деривати на светските берзи и курсот на доларот донесе одлука за минимална корекција на цените на горивата кај нас – бензините да поскапат за половина денар, а дизелот да остане со иста цена. Така, литар еуросупер 95 ќе нé чини 82,50 денари, литар еуросупер 98 84,50 а литар дизел 74 денари. Ако ова значи дека се стабилизираат цените на горивата, тогаш тешко нам.