Tags: , , ,
Volkswagen ID.Buzz: Повторно раѓање на иконата (видео)

Започна одбројувањето

» Пет години – толку му требаа на Volkswagen концептот на електричниот ID.Buzz да го претвори во сериски модел. Но времето не беше потрошено попусто – до максимум се искористени сите можности на електричната архитектура која освен еколошко возење понуди и ново ниво на пространост. Електромоторот од 204 коњски сили интегриран во задната оска ќе го задвижува до максимални 145 km/h, електронски лимитирани. Колку автономија ќе овозможат батериите од 77 kWh уште не е објавено, но се знае дека ќе поддржуваат двонасочно полнење. ID.Buzz ќе биде на располагање од септември, во две верзии – патничка со пет седишта и доставна со простор за товар од 3,9 m³. Цените не се познати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *