Електрифицирана, ефикасна, самоуверена, скапа
» Продолжувајќи го историското наследство на легендарниот Kadett, новата Astra нуди за секого по нешто. Таа е првиот модел на Opel кој на купувачите ќе им понуди избор меѓу мотори со внатрешно согорување и плаг-ин хибриди, а од идната година и со чисто електричен погон. За почеток ќе биде на располагање со познатите PSA агрегати – 1,2 литарскиот трицилиндричен турбо бензинец со 110 KS, 1,5 литарскиот дизел со 130 KS и двете плаг-ин хибридни варијанти со 180 и 225 KS со батерии со капацитет од 12,4 kWh кои им обезбедуваат електрична автономија од околу 60 km.
Динамичната петвратна и ниско спуштена силуета ни е позната од пред некој месец. Должината на новиот модел изнесува 4,37, а меѓуоскиното растојание 2,68 метри. Багажникот во кој собира 422 литри е во просекот на класата, додека за опременоста ќе биде скромно да се каже дека е богата. Тоа впрочем го докажува и цената која во Германија ќе стартува од 22.465 евра.