Пријатно изненадување за возачите
» Дневното прилагодување на цените на горивата ни донесе пријатно изненадување – регулаторната комисија за енергетика драстично ги намали. Според нивната одлука, заради намалувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, на бензинот за 4,533% а на дизелот за 7,922%, малопродажните цени на бензинот во Македонија се намалуваат за 5 а на дизелот за 6 денари. Така, утре ќе ги полниме резервоарите со еуросупер БС-95 за кој ќе плаќаме по 81,50 денари за литар, со еуросупер БС-98 по 83,50 денари или со еуродизел Д-Е V за само 79,00 денари за литар.