Значењето на ознаките на дизелите по марки
» Се враќаме пет-шест години наназад кога почна хајката по дизелите, чие време дефинитивно помина. Но не и за нас – ние ќе ги купуваме од странство и кога ќе бидат многу постари и на нашите улици ќе ги има уште долго време. Затоа и можеби некому ќе му биде корисно да знае што значат нивните ознаки по марки. Но пред тоа да потсетиме – сите дизели кои влегуваат во радарот на нашите возачи имаат турбо компресор и common-rail директно вбризгување на горивото. Ако некој на кој сте му фрлиле око нема таков систем, можеби со исклучок на Pumpe-Düse технологијата која, искрено, колку и да е добра, сепак е престара за да се заинтересирате за неа, заобиколете го во широк лак.
Но, да се вратиме на ознаките, оние кои се среќаваат на задниот дел од автомобилите. Тие всушност означуваат едно те исто, но сепак се различни, како што ќе видите и сами од приложениот список, среден по абецеден ред на марките.
- JTD (Alfa Romeo, Lancia)
- TDi (Audi, Seat, Škoda, Volkswagen)
- d (BMW)
- BlueHDi (Citroen, Peugeot)
- CRD (Chrysler, Jeep)
- dCi (Dacia, Nissan, Renault)
- MultiJet (Fiat, некогаш и како кратенка MJT)
- TDCi (Ford)
- i-CTDi (Honda)
- CRDi (Hyundai, Kia)
- CDiD (Jaguar, Volvo)
- CD (Mazda)
- CDi (Mercedes, подоцна заменета со d)
- DiD (Mitsubishi)
- CDTi (Opel)
- DDiD (Suzuki)
- D-4D (Toyota)
- D2 до D5 (Volvo)