Неколку практични совети за домашните миленичиња

Не оставајте ги милениците во автомобил на сонце

» Едно истражување направено некаде на запад каде автомобил само еден час оставен на сонце на пријатни 22 степени покажало дека неговата внатрешност може да се загрее и до 47 степени… Што пак ќе се случи на нашите меридијани, не ни може да претпостави. Затоа добро размислете кога ги оставате своите миленичиња во возилото. Ветеринарите предупредуваат дека тие во врел автомобил можат да се вознемират и нивните сопственици не би требале да ризикуваат да ги оставаат, дури и за кратки периоди и со малку подотворен прозорец. Тој всушност треба да биде подотворен и во возење, или пак клима уредот постојано да биде вклучен, бидејќи кучето не може да каже дали му е жешко или ладно.

При патувања, посебно подолги, исто така е важно внатре во возилото да имате вода и храна, за да не мора непланирано да запирате. Инвестирајте во неопходната опрема за превоз на миленичето, вклучувајќи и безбедносен појас. Неговата функција не е само да го заштити, туку и да спречи негови ненадејни движења низ внатрешноста на возилото. При возење не му дозволувајте на кучето да ја извади главата надвор, колку и да ужива во тоа. Пред првото подолго патување со вашиот нов љубимец, подгответе го за тоа возејќи го на пократки релации. Ако тој реагира нервозно, потребен е тренинг или посета на ветеринар. Сместете го во возилото така да може да го гледате – покрај лаењето и скокањето, еден од симптомите дека има проблем предизвикан од патувањето е и повраќањето. Внимавајте да немате никакви слабо прицврстени предмети кои би можеле да го повредат во случај на нагло кочење. И за крај, не заборавите да ги земете со себе неговото омилено чергиче и играчка, за полесно да се смири.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *