„Издувувањето“ на моторот не е потребно

Не слушајте ги советите дека одвреме-навреме треба да го „издувате“ моторот

» Од старите мајстори останало дека одвреме-навреме моторот на автомобилот треба да се „издува“, посебно ако се вози претежно низ град, што само по себе најчесто значи на пониски вртежи. Но тоа баш и не е точно, иако нешто слично е потребно кај современите дизел мотори со филтер за цврсти честички. Со исклучок на овој проблем што е од сосема независна природа од советот што го споменавме, „издувувањето“ односно повременото возење со високи вртежи на автопат е сосема непотребно дури и кога ви се чини дека после тоа моторот подобро работи. За секој мотор е најдобро ако се вози нормално, во сите режими. Честото возење на високи вртежи може да биде штетно и затоа форсирајте го моторот до крајните граници или преку нив само во исклучителни ситуации, на пример при престигнувања кои потенцијално се ризични, никако беспотребно. Но имајте предвид и дека еднакво штетно е возењето при поголеми оптоварувања на ниски вртежи, на пример на нагорници со натоварено возило.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *