Tags: ,
Новиот Suzuki S-Cross ќе пристигне бргу

На пазарот пред божиќ

» Настанат во сенка на Vitara, Suzuki S-Cross не можеше да се избори рамноправно за своето место на пазарот – го бираа само оние кои беа точно свесни дека им треба не толку трендовско семејно возило со поволна цена и кои заради тоа беа подготвени на компромиси. Сега можеби работите ќе се наредат поинаку, бидејќи после редизајнот тој доби далеку помодерен изглед. Со подигнат преден дел, поголема маска и помодерни светла, новиот S-Cross изгледа посвежо и, што е побитно, различно и од Vitara. Обликот кој повеќе не му е нарушен со грдата маска е разбиен со црните рабови на крилата кои му даваат доза на робусност. Иако визуелно не изгледа така, димензиите сепак не му се сменети ни милиметар – должината и понатаму е 4,3 метри, заради што е тешко да поверуваме во ветувањето на Suzuki дека кабината е покомфорна.

На купувачите ќе им се нуди со 1,4 литарски бензинец со 48-волтна хибридна технологија кој своите 129 KS и 235 Nm ќе ги испорача на предните или сите четири тркала, забрзувајќи до 100 km/h за 9,5 односно 10,2 секунди. Покрај погонскиот механизам, изборот што им преостанува на купувачите е трансмисијата која може да биде мануелна или автоматска. Цената сигурно нема да биде пониска од сегашната, а колку точно ќе изнесува ќе дознаеме пред крајот на оваа година кога се очекува да пристигне на пазарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *