Tags: , ,
Наскоро пристигнува доработениот Volkswagen ID.3

Без поголеми промени во изгледот

» Volkswagen ID.3 имаше многу критики за уредувањето на внатрешноста во која има премногу пластика, и тоа од онаа најтврдата која делува евтино и едноставно не соодветствуваше на автомобил од ваков ценовен ранг. Затоа и сега кога Volkswagen го подготвува доработениот електричен ID.3, поголеми промени во изгледот нема да има туку фокусот е ставен на поквалитетни материјали во внатрешноста и побогата опрема. Новост е и што во ентериерот повеќе ништо нема да биде со животинско потекло, па така управувачот ќе биде обложен со висококвалитетна вештачка кожа. Промените на надворешниот изглед ќе се сведат на козметички детали на браниците, а веројатно ќе стигне и некоја нова боја и нов дизајн на тркалата.

Истовремено Volkswagen најавува зголемување на производството, па така освен во фабриките во Цвикау и Дрезден, тој ќе излегува од погоните во Волфсбург. Нарачките за обновениот ID.3 ќе започнат да се примаат веќе овој месец, но за испорака ќе стигнат на ред дури при крајот на следната година. Дотогаш ќе се испорачуваат веќе пристигнатите нарачки чии купувачи ќе ја добијат доработената верзија без никаква доплата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *