Tags: ,
Македонска премиера: Opel Movano

Сите на едно место

» Генералниот увозник на Opel за Македонија, Еуроимпекс од Скопје, во соработка со дилерската мрежа на германската марка, Ауто Цем од Тетово и Аутомакедонија од Скопје, одржаа корпоративен настан на кој беше претставена целата товарна и патничка гама, со најголем акцент на новиот Movano. По процесот на детоксификација, Опел има нов лик истакнувајќи се со Vizor предниот дел и Pure Panel внатрешноста. Но и покрај тоа Opel не го менува своите гени – тој е германски, модерен, доверлив бренд, технолошки напреден и со чист и прецизен дизајн.

Моделите на Opel беа претставени пред бројни соработници и потенцијални соработници, помали и поголеми компании, од компании кои имаат потреба од едно до компании кои имаат потреба од флота на возила и т.н… а сé со цел компаниите да можат да се запознаат со возилата одблиску, во пријатна атмосфера да им бидат презентирани можностите и перформансите кои моделите на Opel ги нудат за нивно поедноставно секојдневно работење и помагање на нивните бизниси. На настанот на располагање беа комерцијалните и патничките модели, од најмалиот модел Corsa, SUV моделите: Crossland, Mokka, Grandland и претставникот во Д-сегментот Insignia, како и доставните Corsa Van, Combo, Vivaro и најновиот и најголемиот Movano.

„Новиот Movano е совршена германска алатка за секоја работа. Овој модел е моќен, безбеден и со незаменлива удобност за возачот. Тој е достапен во повеќе верзии на каросерија: фургон, комерцијално возило со два реда седишта, шасија со единечна или двојна кабина како и со товарен сандак, кипер и конверзии на каросеријата. Товарниот простор е меѓу најдобрите во класата, со капацитет до 17 m² и во него може да се превезе максимум 4 еуропалети. Носивоста е до 2,1 тони, а внесувањето на товар во новиот Movano оди со леснотија благодарејќи на широкиот отвор на вратите и нискиот праг за товарање. Задвижуван од 2,2 литарски турбо дизел мотори со силина од 120 до 165 коњски сили, бележи одличен низок резултат кога станува збор за потрошувачката на гориво и емисија на CO₂ во сегментот. Целосната електрификација на товарната гама возила на Opel ја комплетира електрифицираната верзија на Movano со батерии од 37 или 70 kWh, корисна носивост до 1,3 тони, автономија до 224 km по WLTP стандардите и секако нула емисии на CO₂“, изјави Драган Јовев, продукт менаџер за Opel.

„Секое од овие возила е со различни карактеристики, големини и димензии, различно ниво на капацитет на товар, ниво на опременост како и можност да бидат задвижувани од мотори со внатрешно согорување, плаг-ин хибрид или електрични… Opel нуди бројни решенија за мобилност. За секој тип на бизнис или големина на флота. Нашата гама на возила вклучува сè, од комерцијални и патнички возила, со мотор на внатрешно согорување, плаг-ин хибридни или целосно електрични верзии… Па сé до наменски возила, модифицирани/трансформирани за потребите на бизнисите, возила со ладилник, за лица со попреченост, амбулантни, противпожарни возила и т.н.“, изјави Зоран Серафимовски, извршен директор во Еуроимпекс, дополнувајќи:

„Во рамките на нашата дилерска мрежа имаме високо-професионални продажно-сервисни центри кои во врска со возилата даваат услуга што е потребна на компаниите за непречено и ефикасно водење на бизнисот. Во истите, работи професионален кадар со богато искуство кој е специјализирано обучен, секој во своето поле. На кратко кажано, со германска прецизност, нудиме идеален автомобилски партнер за Вашиот бизнис.“

Повеќе информации за моделите и услугите можат да се добијат во салоните на Opel, на веб-страницата opel.mk и на веб-страниците на дилерите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *