Купивте дизел на старо?

Не верувајте никому, па дури ни на себе

» Ако сте купиле дизел на старо, направете веднаш сервис – не верувајте никому, па ни на себе и својата проценка дека сé е во ред, дури и во најдобар случај кога поминатата километража навистина е таа и кога го познавате претходниот сопственик и знаете како тој се однесувал со возилото, ако сакате да сте сигурни дека тоа ќе ви трае. Имено, скоро сите мотори за патничките автомобили во последните две-три децении се проектирани со работен век од 150 илјади километри, ретко кој за повеќе. Тоа не значи дека после тоа тие ќе откажат, туку дека е нормално да се очекува нешто на нив да откаже. Тоа важи за сите мотори со внатрешно согорување, но за разлика од бензинците чии дефекти се поретки и поевтино се решаваат, дизелите заради поголемите термички оптоварувања полесно страдаат и кај нив дефектите се значително поскапи.

Затоа ако сте купиле дизел веднаш направете сервис – не одолговлекувајте, без разлика на поминатата километража. Заменете ги запчестиот каиш заедно со затегнувачите и водилките, клинестиот каиш за погон на помошните агрегати и пумпата за течноста за ладење, иако таа може да помине само и со добро прегледување на нејзината состојба. Препорачливо е да се проверат и бризгалките, пумпата за висок притисок (бош-пумпата како што најчесто ја нарекуваме) и турбо компресорот ако моторот го има. Понатаму, без разлика на препораките на производителот, скратете го интервалот за менување на маслото, со кое заедно треба да се менува и филтерот – нема смисла да го замените само маслото а го оставите стариот филтер кој е полн со нечистотии.

Не штедете на деловите – оригиналните веројатно ќе ви бидат прескапи, но од заменските употребете некои со познато име, не користете делови од непознат производител.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *