Редефинирање на границите на можното
» Рано утрото на 28 септември 2000-та година, уште пред сонцето да излезе, Porsche на новинарите во Париз им претстави исклучителен концепт – Carrera GT. И самото претставување беше такво – зад управувачот беше Валтер Рерл, кој го возеше автомобилот од кој одѕвонуваше централно сместен V10 склоп со 558 KS по коцката низ фамозниот кружен тек на плоштадот Шарл де Гол околу Триумфалната порта и понатаму до Лувр. Како нарачано, паѓаше дожд. Сензацијата беше загарантирана и без тоа – со овој концепт Porsche ги редефинираше границите на она што во тоа време беше можно. Но имаше една маана – тогаш овој автомобил не постоеше, тој беше само дрска визија развиена од тркачкиот болид кој требаше да победува на Леман. Porsche мораше прво да заврши со развојот на Carrera GT, зашто му требаа уште три години…