Електричен SUV со напредни технологии
» Со малку чуден изглед но со многу нови технологии, новитетот на Honda со ознака SUV e:concept ги покажува насоките во кои ќе се креира електричната гама на марката. Она што засега е јасно е дека идниот сериски модел базиран на него ќе биде наменет за Кина – Европа и САД сé уште официјално не се известени за неговото постоење. Но и тоа сигурно ќе биде – според јапонскиот производител, намера им е да развијат масовен електричен модел кој ќе понуди вредности втемелени на искуствата на мобилноста кои за купувачите остануваат свежи и забавни, што е реченица во која ги пронаоѓаме барањата и на нашите и американските возачи.
За таа цел идниот кросовер ќе биде опремен со повеќенасочен напреден систем за помош на возачот и нова генерација на Honda Sensing безбедносните технологии со подобрено препознавање и предвидување на опасните ситуации и поефикасно донесување на одлуките. Што ова во пракса ќе значи треба да дознаеме до крајот на годината за кога е предвидена демонстрација на новите системи, најверојатно во прототип на серискиот модел што ќе произлезе од овој концепт. Тогаш ги очекуваме и техничките детали за погонскиот склоп, за кој со голема доза сигурност може да се тврди дека ќе биде преземен од малиот е, но со поголем пакет батерии. Тоа би значело 154 KS, автономија од 500 km и Honda Connect интелигентен систем за полнење.
Според плановите на Honda, до крајот на 2022 година треба да се електрифицираат сите главни модели за европскиот пазар и да се претстават шест нови електрични возила.