Tags: , ,
Детската насмевка нема цена

Bugatti Baby II (со видео)

» Во 1927 година Еторе Бугати за четвртиот роденден на неговиот најмал син му подготвил специјален подарок – намалена реплика на тркачкиот Type 35, со цел уште од мали нозе да му ја всади љубовта кон автомобилите. Оваа уникатна играчка била замислена само за него, но станала толку популарна што компанијата започнала да ја произведува и ја продавала сé до 1936 година. Водејќи се со истата идеја, менаџментот на модерниот Bugatti полани во Женева го претстави од него инспирираното автомобилче. Baby II како што го нарекоа, сега е поголем и наменет за дена постари од 14 години. Има три верзии, со електромотор од 1, 4 или 10 kW и батерија од 1,4 или 2,8 kWh, која обезбедува автономија од 25 или 50 km. Основната верзија може да постигне 20 km/h, средната наречена Expert 45, а најсилната Vitesse дури 70 km/h.

Многу детали потсетуваат дека Bugatti Baby II е целосно функционален автомобил со намалени димензии – хидрауличните сопирачки, диференцијалот со ограничено пролизгување, карбонската каросерија… Некои дури изгледаат и како претерување бидејќи сепак во прашање е детско автомобилче, како што се ЛЕД светлата, амблемот изработен од 50 грама чисто сребро и специјалната Pur Sang изведба со рачно изработена алуминиумска каросерија. Во согласност со сето тоа е и цената – 30.000 евра за основната, 43.500 за Vitesse и изведба и неверојатни 58.500 евра за Pur Sang, плус давачките према државата.

Ќе бидат направени 500 примероци, а со купувањето на некој од нив следува и членство во The Little Car и Bugatti Owners клубовите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *