Golf во попрактично издание
» Toledo кој беше претставен на денешен ден 1991 година на салонот на автомобилите во Барселона беше првиот нов модел целосно развиен откако Seat премина под капата на Volkswagen. Дизајниран од Џуџаро и базиран на механиката на Golf од втората генерација, имаше петвратна лимузинска форма која посебно беше популарна во медитеранските земји, но и глобално. Багажникот од 550 литри кој можеше да нарасне на 1.360 и големиот избор на погонски агрегати – бензински и дизел, заедно со пристапната цена беа голем плус. До 1999 година беа продадени 559.041 примерок. Продолжи да живее во Кина под амблемот на Chery, а после тоа и во Русија.