Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>31 декември 1957 година

Четирикратен успех

» На денешен ден 1957 година на новогодишната забава во ексклузивниот голф клуб Тандербирд во Палм Спрингс, Калифорнија, беше претставена втората генерација на Ford Thunderbird, наречена уште и Square Bird. Иако првата генерација на овој модел беше успешна, раководството на компанијата сметаше тоа што има две седишта го ограничува неговиот продажен потенцијал. Како резултат на тоа втората генерација на Thunderbird беше конструирана со четири седишта. Нивната проценка беше исправна – продажбата се зголеми за четири пати, креирајќи нов пазарен сегмент. Овој автомобил воедно беше и првиот на Ford со самоносечка каросерија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *