Tags: , , , ,
Volkswagen има нов електричен автомобил

Електричниот наследник на Passat

» Volkswagen на CES Лас Вегас ќе претстави нов електричен автомобил кој ќе го видиме уште на првиот новинарски ден, 3 јануари. Деталите се кријат но скоро сигурно е дека тоа ќе биде електричниот наследник на Passat, кој најверојатно ќе биде лансиран под ознаката ID.7. Изведен е од концептот ID.Aero прикажан пред половина година, кој јасно најави дека серискиот модел е готов за производство – само се чека погоден момент за тоа. Стартот ќе биде од Кина, а после тоа ќе следи и моделот за европскиот пазар кој може да има и караванска верзија. Долг скоро пет метри, тој е поставен е на модуларната MEB платформа, што значи дека ќе има многу заеднички нешта со сите други ID-модели. Но Volkswagen за него најавуваше автономија од дури 620 километри, што е најмногу досега, главно благодарејќи на зголеменото меѓуоскино растојание во кое место се најде за поголеми батерии од 111 kWh. Заслуга има и оптимизираната аеродинамика со коефициент на отпор на воздухот од едвај 0,23, на што јасно укажува ознаката на концептот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *