Човекот што го моторизираше светот
» На денешен ден 1863 година се роди Хенри Форд, без дилема една од најзначајните личности во историјата на автомобилската индустрија. Незгодниот карактер што го имаше беше директна причина да успее во намерата да ја моторизира Америка, што го стори со Ford Model T. Директно влијаеше и за коренити промени на структурата на капиталистичкото општество зголемувајќи ги надниците на работниците и кратејќи го работното време. Беше антисемитист и со прилично пронацистички ставови, но сепак ќе го паметите по другите заслуги. Почина во 1947-мата, на 83-годишна возраст, оставајќи го своето богатство на фондацијата Форд, а компанијата на семејството.