Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>3 јануари 1926 година

Првата „придружна“ марка на General Motors

» На салонот на автомобилите во Њујорк на денешен ден во 1926 година General Motors го претстави Pontiac како една од своите „придружни“ марки. Тоа беше формула за проширување на гамата во која тогашните пет марки на компанијата оставаа големи празнини. Нив ги пополнија четирите придружни марки кои главно под своите ознаки продаваа поевтини варијанти на своите партнерски марки. Но времето покажа дека ова не било добар бизнис потег и тие една по една се гаснеа – остана само Pontiac кој со далеку подобрите продажни резултати ја надживеа марката Oakland од која произлезе. Сепак кризата од 2008-мата и нејзе ѝ пресуди и таа после две години замина во историјата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *