Tags: , , ,
Toyota Corolla – видео, фото-галерија

Предвидување на автомобилската историја

» Невозможно е накратко да се раскаже приказната за Toyota Corolla – тоа не го дозволуваат 12-те генерации во нејзините скоро шест децении години постоење. Но затоа едноставно е да се раскаже како започна нејзината приказна во 1966 година. Тогаш од војната разрушената Јапонија веќе беше обновена и започнуваше ера на економски развој. Населението ставуваше сé повеќе платежно способно но и побројно, достигнувајќи сто милиони. Заради тоа сé почесто беше три генерации да живеат под ист покрив. Тоа значеше дека ќе им треба семеен автомобил кој ќе им се допадне на сите во семејството. Инженерите на Toyota не само што го смислија туку за него изградија и сосема нова фабрика со капацитет од 30.000 возила месечно што беше апсурдно висока бројка бидејќи целата продажба на марката тогаш изнесуваше 50.000 возила месечно.

Но, нивното предвидување на иднината се покажа исправно – изложбата на која новиот модел беше претставен ја посетија дури 1,3 милиони луѓе. Автомобилска експанзија која ќе ја зафати Јапонија можеше да започне, а неа ја предводеше токму Corolla. При нејзиното конструирање инженерите на Toyota се ставија во улога на купувачи и направија автомобил што тие би сакале да го имаат. Му додадоа и нешта кои ретко кој или никој друг во тоа време ги немаше, како на пример светлата за возење наназад. Го направија возилото повисоко, вметнаа поголема задна клупа, рачката од менувачот ја поставија на подот а ослонувањето го изведоа поудобно. Го нарекоа Corolla и го лансираа во ноември 1966 година. Останатото е историја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *