Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>27 април 1984 година (видео)

Почеток на една нова ера на шпанската марка

» На денешен ден во орвеловата 1984 година, од производствените ленти на Seat се симна првата Ibiza. Овој модел го означи почетокот на една нова ера на шпанската марка, чија гама дотогаш беше базирана на моделите на Fiat. Иако и Ibiza од нив ја има техничката основа, таа сепак е прв самостоен модел на Seat. Ја нацрта Italdesign студиото на Џорџето Џуџаро, моторот и менувачот беа развиени во соработка со Porsche, а за подготовката за производството се погрижи Karmann. Треба да потсетиме дека во тоа време Seat не беше дел од групата Volkswagen.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *