Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>22 ноември 1900 година

Како Mercedes го доби своето име?

» Приказната за Mercedes започнува во 1899 година, кога австро-унгарскиот дипломат и автомобилски ентузијаст Емил Јелинек учествува на една трка во Ница, на која во пријавата во графите и за возилото и за возачот го запишува името на неговата тогаш 10-годишна ќерка Мерцедес, но не постигнува некој значаен успех. Истото се повторува и наредната година и тој незадоволен од перформансите, како дилер на возилата на Daimler побарал да му направат нешто сосема различно, ветувајќи дека ќе купи 36 возила и за нив ќе плати 550.000 тогашни марки, денешни скоро 4 милиони евра. Германците, нормално, се зафатиле за работа и прво го направиле моторот – 5,9 литарски со четири цилиндри и 35 KS, а потоа и автомобилот, кој на денешен ден таа 1900-та година бил комплетиран и ги направил првите возења. После месец дена тестирања и бројните детални модификации што ги побарал Јелинек, возилото му било испорачано. Како дилер на Daimler за Австрија, Унгарија, Франција, Белгија и САД, возилата што ги нарачал тој ги продавал под името Mercedes, за во 1902 година Daimler да го регистрира тоа име за сите свои возила, а самиот Јелинек наредната 1903-та да го смени презимето во Јелинек-Мерцедес и трите куќи кои ги поседуваше во Виена и Ница ги нарече Вила Мерцедес. До 1909 година тој има продадено околу 600 Mercedes возила, носејќи им милиони на Daimler.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *