Tags: ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>20 декември 1939 година (видео)

Славен француски каросерист и производител

» На денешен ден 1939 година основан е славниот француски каросерист и производител на автомобили Forges et Ateliers de Construction d’Eure-et-Loir, скратено Facel. Компанијата иницијално се бавеше со изработка на алати и одливци за авионската и автомобилската индустрија, за после втората светска војна да започне со посебни каросерии за моделите на Simca, Panhard и француската подружница на Ford и уникатни или малосериски примероци на механиката на престижни производители како Bentley. Во 1954 година беше конструиран првиот самостоен модел, со што беше креирана марката Facel Vega, која во наредната деценија колку што постоеше беше најпрестижна француска автомобилска марка. Меѓу славните личности кои поседуваа автомобил од оваа марка се Пабло Пикасо, Ава Гарднер, Кристијан Диор, Џоан Колинс, Ринго Стар, Стирлинг Мос, Тони Кертис, Дин Мартин, Фред Астер, Роберт Вагнер, Ентони Квин, Френк Синатра, кралот на Мароко, иранскиот шах, неколку саудиски принцови, претседателот на Мексико

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *