Tags: ,
Објавени финалистите на националниот избор на автомобил на 2023 година во Македонија

Познати финалистите за титулата „Автомобил на 2023 година во Македонија“

» Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија ги објави финалистите кои ќе бидат во конкуренција за титулата за 2023 година, избрани меѓу сите нови модели кои лани пристигнаа на пазарот. Наведени по абецеден редослед тоа се:

Alfa Romeo Tonale
Citroen C5 X
Kia Sportage
Opel Astra
Peugeot 308
Škoda Fabia
Toyota bZ4X

Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија ги оценува возилата според шест критериуми – дизајн, комфор и опременост, безбедност и примена на технолошки достигнувања, економичност и еколошка прифатливост, возни својства и адекватност и понуда на домашниот пазар.

Националниот избор на автомобил на годината во Македонија се одржува по 28-ти пат. Освојувач на титулата „Автомобил на 2022 година во Македонија“ е Hyundai Tucson.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *