Tags: ,
Ако немате струја, пијте нафта!

BMW ја обвинува Италија затоа што не може да вети целосна електрификација

» Не е прв пат побогатите региони или држави во Европа да не можат да сфатат дека проблемот не лежи во желбите и намерите, ниту пак решението кај оние што не се богати колку нив, ама последната изјава на челниците на BMW се чини дека ги надминува границите на учтивоста и домашното воспитување. Имено, запрашан зошто баварската компанија и покрај тоа што се декларира за предводник во електрификацијата не сакаше да ја потпише декларацијата од Глазгов за запирање на производството на возила со мотори со внатрешно согорување до 2040 година, еден од нивните директори задолжен за стратегијата за одржлив развој изјави дека Италија и земјите како неа се виновни за тоа бидејќи не си ја сработиле „домашната задача“. Конкретно, тој наведе дека сé додека Холандија и Норвешка имаат по девет електрични полначи а Италија само 0,4 на 1.000 возила, BMW не може да се обврзе на ништо.

За да не ви предизвикуваме други негативни емоции нема да пренесуваме што уште тој кажа, туку ќе додадеме само дека оваа не е прв пат некој од побогатите региони во Европа да изјавува нешто со слична конотација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *