Можат ли моторните масла да се мешаат?

Маслото во моторот може слободно да се меша

» Замислете ситуација – светнува сијаличката за масло, знаете дека мора да прекинете со возење и застанувате на првата бензинска пумпа, а таму го нема маслото што вие го имате во моторот… Што да се прави?

Без паника, моторното масло во сите понови мотори може слободно да се меша. Некогаш важеше правило во моторот да не се става друго масло освен тоа што веќе е внатре, но тоа веќе не е така, барем не во поголем број случаи. Ако ви се случи споменатата ситуација, купете какво и да е масло (најпаметно е тоа да биде најквалитетното) и долејте колку треба. Дури и повеќе – имено, иако сијаличката за масло светнува кога нема доволен притисок а не кога тоа е под минималното ниво, скоро е сигурно дека некаде маслото тече и дека го нема доволно, а не дека откажала пумпата за масло а неговото ниво е според пропишаното. Секако, првата реакција ако се случи тоа е да го проверите нивото – ако е под минимумот или на него, досипете до максималното ниво, па дури ако ве чека подолг пат до дома и малку (но не премногу) над максималното ниво.

Мешањето на моторното масло денес не е проблем за моторите – ниту според производителот, нити според градацијата. Единствено  треба да внимавате ако имате турбо мотор да не ставате несинтетичко масло, тоа може да предизвика поголема штета. Вистинскиот проблем е зошто се запалила сијаличката  за масло, односно зошто малото паднало под минимумот. Нормално е моторот да троши масло, вообичаено 0,1 литар на илјада километри. Тоа се зголемува со бројот на годините и километрите што автомобилот ги има поминато, но ако тој почне да троши по половина литар или повеќе на илјада километри, тогаш нешто не е во ред. Важно е маслото редовно да се контролира и да се долева пред да дојде до минимумот, затоа што ако се запали сијаличката за масло, тоа е знак на тешко занемарување на автомобилот.

Немојте да штедите на маслото – ако го нема, дефектите можат да ве чинат многу, многу повеќе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *