Tags:
Сите работат за профит, ама како Ferrari никој не е

Се плаќа името, се плаќа престижот, се плаќа сé

» Поголем дел од производителите на автомобили, и покрај сите проблеми што ги имаа, лани имаат остварено повисок профит, но како Ferrari никој не е – италијанската компанија од секој продаден автомобил лани има прокнижено неверојатни 97.530 евра добивка! Поинаку кажано, маржата на Ferrari изнесува 25,5 отсто. Дека е тоа многу не треба воопшто да се дискутира, но колку многу е сведочи добивка од 6.154 евра на второпласираната Tesla. Во просек, 19-те најголеми светски производители на возила лани имаат инкасирано по 25.073 евра по возило, за 11 отсто повеќе отколку во 2020-тата, а заработено 7,6 отсто од таа сума – повеќе од двојно повеќе од полани кога маржата им изнесуваше 3,6 отсто. Во евра изразено сумата е 1.903 по возило. За споредба, во пандемиската 2020-тата имаат заработено по 811, а во 2019-тата 1.168 евра од секое продадено возило.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *